X
 30.11.2015 Технологија

Претставен нов начин на создавање електрична енергија

Наоѓањето електрична енергија на некои места може да биде предизвик, па дури и за основните работи. Жителите на Нуево Сапосоа досега го имале овој проблем, но сега ќе бидат дел од експериментален проект со „природни ламби“.


Ламбите светат 2 часа дневно и се доволни за осветлување, а работат благодарејќи на состојките во растенијата и почвата. Методот функционира така што се става систем за создавање енергија во саксија со земја и растение. Системот чува електроди и почва способни за претворање на состојките во растението во електрична енергија.

Истражувачите направиле 10 пробни ламби и ги донирале на жителите на Нуево Сапосоа во Перу. Инаку, селото е сместено во прашума. Околината би била совршен извор за создавање повеќе вакви ламби.

Ламбите ќе им помогнат на жителите да готват храна, работат и да се забавуваат по заоѓањето на сонцето. Најголеми бенефиции од нив имаат децата во селото, кои ќе имаат подолго време за учење и читање.

Во видеото подолу погледнете како се создаваат овие ламби.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија