X
 22.12.2015 Живот

Кој ни ги уништува децата?

Замислете на момент живот без мобилни телефони. Што би сте правеле месец дена без смс порака, Фејсбук, Инстаграм, компјутерски игри, слушалки и останати чуда?

 

смс


Кај тинејџерите дружењето би било поквалитетно, поголемо. Повеќе време би поминувале на свеж воздух, би шетале, би читале книги. Токму ова го мислат припадниците на денешната „смс генерација“ кога на момент ќе замислат живот без мобилен телефон. А дали некој сега ви забранува да прочитате некоја книга, или да се прошетате на чист воздух? Ве прашувам директно, без заобиколување, малку остро.

Слегнување со рамената, замислени погледи, чудење, прашални погледи кои се судираат во воздухот.. Секако дека никој не ни забранува - одговараат на крај.

Ситуацијата е полоша отколку што мислев - ова го констатирам нешто подоцна, додека со шолјата кафе ги средувам впечатоците од часот. Децата се премногу слаби за да се спротистават на ропството. Модерната технологија ги зароби и дефинитивно ги завладеа со нив. Или припадниците на „смс генерацијата“ се посилни во сопствената тврдоглавост и едноставно немаат тенденција да се спротистават на потребата да им робуваат на современата технологија. Охрабрувачки од друга страна е тоа што денешната младина барем поседува свест за доброволно ропство - што, мора да признаете е добро. Добро е што децата воопшто посеуваат свест дека им робуваат на Андроид, Фејсбук итн. Одам кон моментот кога децата конечно ќе сфатат дека воздржувањето од потребата да пишуваат празни пораки за време на час, е предуслов за нивното опоравување. Во антрополошка смисла, се разбира.

Дали станува збор за утопија?

Признавам, мојата „аудио-видео-касеташка генерација“, за разлика од денешната „смс генерација“ им робуваше на утописките фантазии, но не и на технологијата.

Верувавме дека Југославија ќе биде моќна држава во инината; дека светот нема да се лизне во дистопијата од типот на Орвел; врерувавме дека луѓето го колонизираат Марс и дека никогаш нема да престанеме да го читаме Командантот Марк и Загора; дека ќе станеме корисни членови на општеството во кое нема сиромаштија...

Но, критичарите на претходниот систем упорно мавтаа со прстот дека системот од нашата генерација е прилично индоктриниран.

Спротивно на тоа, денешната владејачка идеологија е недофатлива за членовите на „смс генерација“. За да бидат аботите уште полоши, и родителите на денешните деца ретко ги интересира природата на доминантната идеологија - што е многу поопасен вид на индоктринација.

Робувајќи на современата технологија, оваа генерација ја губи способноста за концентрација. Непродуктивната пракса на „чепкање“ по телефонот, која се движи од компјутерски игри преку Фејсбук па Јутјуб, го спречува конструктивниот придонес на ученикот. Последицата е незаинтересираноста која набрзо се претвора во непријатна рамнодушност - за на крај да се трансформира во основно непочитување на авторитетот на просветниот работник.

Како вчера да беше кога пред очи ми излегува наставникот по српско-хрватски јазик како не` тера да препишуваме книжевна критика само за да го прелиста весникот Вечерње новости. Атмосферата во училницата е како зен будистички храм. Само од време на време се слуша шушкањето на весникот. Идилата ја прекинува Сафет кој прв во одделениоет има вокмен, кој се одлучува на самоубиствен чекор - преслушување на касетата на Синан Сакиќ на часот кај настрогиот наставник во училиштето. Секако, обидот поминува неславно. Наставникот го гледа со слушалките, погледот му е бесен како молња, го зграпчува Сафет за реверот и го подигнува од столот, такашто тој останува да виси во воздух. Толку го тресеше Сафет што никогаш повеќе не му падна на ум да користи вокмен во радиус од три километри околу училиштето.

P.S Денес ваквиот наставник сигурно ќе биде уапсен, додека медиумите, желни за сензационализам како гладни студенти, со денови ќе пишуваат за него по црните хроники. Вистината е дека и покрај строгоста, ние успевавме правилно да напишеме состав на српскохрватски.

Пишува: Борис Јашовиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот