X
 15.01.2020 Живот

Згради што ќе ја одбележат 2020 година

Има многу возбудливи градби што ќе бидат довршени во годината што е пред нас. Тоа се различни згради - од национални стадиони, преку музеи, па сè до станбени згради. Не е лесно да се издвојат најпосебните, но ова се 5 згради што годинава свечено ќе бидат отворени и секоја на свој начин ќе придонесе за животот на локалната заедница.

1. Националниот стадион во Јапонија

Овој стадион ќе се отвори годинава за Летните олимписки игри во Токио. Структурата е кружна, дрвена и обвиткана со растенија. На неа се работело 3,5 години, а секако имаше и скандали. На натпреварот победи трудот на студиото на Заха Хадид, но заклучено е дека тоа е прескап проект, па беше избран поевтиниот на Кенга Куме, кој чини 1,1 милијарда фунти.



2. Музејот Датонг арт во Кина

Седум години подоцна од што беше планирано, овој музеј годинава ќе ги отвори вратите за првите посетители. Архитектите се од студиото „Фостер енд партнерс“, кои ја смислиле необичната конструкција чиј покрив се состои од четири неповрзани пирамиди. Зградата е пониска од околното плато, така што се добива впечаток дека потонала. Всушност, од околните сообраќајници може да се видат само нејзините врвови, а тоа и било идејата.



3. Поем павилјон во Обединетите Арапски Емирати

На годинашниот „Дубаи Експо“ ќе може да се видат павилјони кои се изработени од страна на извонредни дизајнери. Меѓу нив е и оној на артистката Ес Девлин, а мора да се признае дека токму тој е најочекуван. Станува збор за павилјон кој ќе користи вештачка интелигенција за да прави анимации на фасадата кои постојано ќе се менуваат.



4. Облакодер во Њујорк, САД

Првата канцелариска кула што зазема цел блок во Парк авенју, барем оној што е изграден во последните 50 години, наскоро ќе биде завршена. Станува збор за труд на архитектите од „Фостер енд партнерс“, кои одлучиле да постават нови стандарди на уредување на работниот простор. Затоа нивната кула висока 41 кат има надворешна структура која вклучува тераси полни со билки.



5. Зградата на „Аксел Спрингер“ во Германија

Архитектите од компанијата ОМА го потпишуваат проширувањето на берлинските простории во кои е сместена компанијата „Аксел Спрингер“. Во средиштето на зградата има 30 метри висок атриум, кој има изразено интересни подови. Станува збор за плочки од цела низа примероци и бои, а што е најинтересно, сето тоа ќе биде совршено видливо однадвор. Тоа е добар пример на ентериер кој продира во екстериерот.


Фото: Jutarnji

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот