X
 15.02.2019 Наука

Археолози откриja фрескa oд Нарцис во Помпеја

Археолози открија фреска од митолошкиот ловец Нарцис во остатоци од древната палата во Помпеја, во која извесно време се извршуваат обемни истражувања. Нарцис, инаку, е познат по тоа што се вљубил во сопствениот одраз.

Меѓу другите фрески, минатата година беше пронајдена и една која прикажува сензуална сцена меѓу богот Јупитер олицетворен во лебед и кралицата Леда од Спарта од грчката митологија.

Директорката на локалитетот Помпеја, Алфонсина Русо, изјави дека сета оваа убавина ги поттикнува истражувачите да продолжат да копаат по ова древноримско богатство, па еден ден оваа палата можеби ќе биде барем делумно отворена за јавноста.

Надлежните соопштија дека археолозите досега имаат пронајдено и десетици стаклени садови, осум земјени вазни и бронзен сад под скалите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука