X
 15.07.2021 Живот

Големи поплави во Германија - починати и исчезнати лица, огромни штети

Во Германија починале најмалку шест лица, а има и многу исчезнати поради поплави кои носеле автомобили и рушеле куќи. Полицијата во градот Кобленц напишала на „Твитер“ дека четири лица починале, а околу 50 биле заробени на покривите на нивните куќи и чекале да бидат спасени во округот Анвајлер.



Во селото Шулд се срушиле шест куќи. Властите прогласиле итна состојба во регионот по денови со силни врнежи. Биле забележени штети во големи делови од Западна и Централна Германија, но и во Белгија, пренесува „Асошиејтед прес“.



Во Белгија починало едно лице, а уште едно се води како исчезнато.


Во Германија, меѓу починатите има 82-годишен маж кој починал откако паднал во поплавен подрум и пожарникар кој се удавил додека спасувал други лица.






Извор: AP
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот