X
 15.08.2023 Култура

Нова серија на „Нетфликс“ за кризата со опијати што мора да ја погледнете

Целото човечко однесување се состои од две работи - бегање од болката и трчање кон задоволството. Болка, задоволство, болка, задоволство...Ако се позиционираме помеѓу болката и задоволството, никогаш повеќе нема да мора да се грижиме за парите, вели Ричард Саклер во трејлерот за новата мини-серија „Аналгетик“ (англ. Painkiller), лик толкуван од американскиот актер Метју Бродерик.

Новата серија на „Нетфликс“ базирана на статијата „Семејството кое изгради империја на болка“ објавена во „Њујоркер“ од Патрик Раден Киф, се фокусира на „Пурдју фарма“, производителот на „Оксиконтин“, кој беше развиен токму од Саклер.

Рејмонд, таткото на Ричард го глуми актерот Сем Андерсон, а во серијата глумат и Узо Адуба, Тејлор Кич и Вест Духовни, ќерката на познатиот Дејвид Духовни, како и актерката Теа Леони.

Во улога на ексклузивен продуцент е Ерик Њуман, кој од сериите „Наркос“ и „Наркос:Мексико“ се префрли на наркотици во оваа мини-серија.

- Тие работи убија еднаков број луѓе и уништија еднаков број животи, а играчите беа еднакво злобни. Но, со оглед на тоа што беше легално, стануваше збор за здравствена криза. За разлика од дилерите на дрога, кои не се искрени за тоа што го работат, оваа група се преправа дека се грижи за благосостојбата на луѓето. Тие се доктори. Мислам дека ова е најголемото нарушување на довербата на јавноста во историјата на човештвото - вели Њуман за серијата.

Тој додава дека не станува збор само за семејството Саклер. 

-Тука е и политичката машинерија, па фармацевтската индустрија. Не можете да ја разберете епидемијата ако не ги проучите сите учесници - луѓето кои ја создадоа, луѓето кои го дозволија тоа, луѓето кои страдале од неа - вели тој.

 

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура