X
 15.12.2019 Наука

Мочуриштaта во Судан значително го зголемуваат нивото на метан во атмосферата?

Научниците сметаат дека сега можат да објаснат барем дел од неодамнешниот раст на нивото на метан во нашата атмосфера.

Тие забележале скок во емисијата на овој гас, кој доаѓа од мочуриштата на Јужен Судан. Се смета дека зголемувањето на нивоата било предизвикано од голема поплава од источноафриканските езера, вклучително и езерото Викторија, кое поттикнало зголемување на емисиите на метан (CH4) од овие региони.

Овие емисии би можеле да бидат одговорни за значителен дел од глобалниот пораст на нивото на метан во атмосферата, можеби дури една третина од зголемувањето помеѓу 2010 и 2016 година, ако се погледне во регионот на Источна Африка.

Мочуриштата станаа позелени

- Нема многу други набљудувања на почвата во овој регион што можат да ги потврдат или негираат нашите резултати, но податоците што ги имаме добро се вклопуваат. Имаме независни анализи што покажуваат дека има зголемување на мочуриштата во Судан. Ова може да се види и на снимките нaправени од воздух што покажуваат дека мочуриштата станале позелени - изјави физичарот и хемичар Пол Палмер од Универзитетот во Единбург.

1
Фото: Copernicus Data/ESA/Tropomi

Метан - моќен стакленички гас

Метанот е моќен стакленички гас и неговата концентрација во атмосферата постојано се зголемува, како што е случај и со јаглерод диоксидот. Но, неговиот раст не е стабилен. Во почетокот на 21 век количината на овој гас дури некое време се стабилизира. Но, во 2007 година неговата концентрација нагло се зголеми, а пораст бил забележан и во 2014 година.

Нивото на метан и понатаму се зголемува и научниците активно ги истражуваат неговите можни природни извори; но овие нивоа несомнено се под влијание на човечки фактор, при земјоделството и употребата на фосилни горива.

Тим од научници од Универзитетот во Единбург го набљудувал однесувањето на стакленичките гасови над тресетниците и мочуриштата во Африка користејќи го јапонскиот леталото ГОСАТ и открил значително зголемување на емисиите на метан над Јужен Судан меѓу 2011 и 2014 година. Бидејќи влажните бактерии можат да произведат големи количини метан, тие детално го проучувале регионот Суд, односно огромната мочуришна земја во Јужен Судан.

Набљудувањата покажале дека почвата во овој регион станала повлажна, а гравитационите мерења во Источна Африка укажале на зголемување на тежината на водата присутна во почвата.

- Станува збор за огромна област, па затоа не изненадува што испушта многу метан. Регионот Суд опфаќа 40.000 квадратни километри и е двојно поголем од Велс - изјави геологот на Универзитетот во Единбург, Марк Лант.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука