X
 05.01.2016 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме за Божиќните празници?



Во утринските часови во северните и североисточните предели постојат услови за појава на магла. Во претпладневните часови ќе биде претежно облачно, ветровито и потопло. Попладне нестабилно со врнежи од дожд, а на повисоките места од 1500 метри со врнежи од снег. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните температура ќе достигнат до 3 односно до 11 степени.

Во Скопје во вторник во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Претпладне облачно а попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 5 степени.

Во наредните денови односно во среда и четврток Македонија ќе биде под влијание на циклонска воздушна маса која ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд но и потопло. Во среда врнежи од снег ќе има над 1800 метри а во четврток ќе се спуштат на 1200 метри. Дневните температури ќе се движат од 6 до 13 односно од 4 до 11 степени. Во петок и сабота се очекува стабилизација на времето и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Максималните температури во петок од 4 до 11 степени, а во сабота тие ќе достигнат до 5 односно до 13 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот