X
 11.01.2016 Образование

Факултет без школарина, оцени и тестови

Милиони млади Американци се заглавени во студентски долгови. Џереми Росман не е еден од нив. Тој студирал на Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT), но се откажал за да отвори сопствен факултет.


Неговиот факултет се наоѓа во Сан Франциско и претставува уникатно место за основачи и програмери кои добиваат реален тренинг. Факултетот се разликува од останатите по школарината. Студентите не плаќаат за студиите.

Тие се охрабрени да работат на производи, а факултетот добива мал процент од нивните идни плати. Така, иднината на факултетот е директно поврзана со идното вработување на студентите и нивниот успех.

Без тестови, оцени и школарина, би помислиле дека е лесно да се влезе на овој факултет. Впрочем, само 10% од пријавените кандидати се примени на студии, што го прави факултетот покомпетитивен од „Харвард“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование