X
 27.01.2016 Култура

"Кога секоја личност би верувала во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши."

Дали знаете како растеме? Малку по малку или поинаку? Писателот Харуки Мураками стигнал до одговорот и така ја допрел хемијата на човековата душа. Издвојуваме 25 најдобри цитати од еден од најголемите писатели на модерното време.


„Светот без љубов е како ветер зад затворен прозор. Ниту можеш да го допреш ниту да го вдишиш.“

„Мислев дека луѓето растат постепено, малку по малку... излегува дека не е така. Растат ,преку ноќ'.“

„Не постои погрешно мислење. Постојат мислења кои не се согласуваат со нашите. Тоа е сè.“

„Колку сме постари толку повеќе работи не можеме да ги ставиме на своето место.“

„Сè што некогаш било со нас, а потоа исчезнало, иако исчезнува засекогаш, остава празнина која никогаш не можеме да ја излечиме.“

„Кога се гушкаме ги делиме своите стравови.“

„Кога секоја личност би верувала во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.“

„Без оглед колку се трудиш, не постои начин да избегаш од болката која ја чувствуваш кога си вознемирен.“

„Изразувајте ги своите чувства. Многу е полошо да ги потиснувате. Ќе се соберат во вас и ќе станат потешки. На крај ќе умрете.“

„Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.“

„Се чини дека срцето е скриено зад дебела школка и дека само неколку луѓе може да стигнат до него. Сигурно поради тоа ми е тешко да почувствувам љубов.“

„Искреноста која ја пружаме и примаме и желбата да помогнеме се најважни работи.“

„Празнината секогаш ќе биде пополнета со нешто.“

„Кога на луѓето им е дадена надеж, таа им помага да живеат подолго. Без надежта не постои ,подолго'.“

„Нашата реалност е бескрајна борба меѓу тоа што се случило и тоа што сакаме да го запомниме.“

„Не постои тајна која еднаш нема да падне од срце.“

„Најважната работа не е големото откритие кое другите го сфатиле пред нас, туку тие мали мисли кои ни доаѓаат сами.“

„Што е осаменост? Слична е на чувството кога на дождлива ноќ стоиш до голем брег и гледаш како моќниот бран се спојува со морето.“

„Спомените нè грејат однатре. Но и многу нè болат.“

„Кога гледате долго во морето, почнуваат да ви недостасуваат луѓе. Кога гледате во луѓето, почнува да ви недостасува морето.“

„Секој и сè изгледа убаво кога ги набљудувате од далечина.“

„Често се случува најважните работи на светот да започнуваат со тројки.“

„Движењето во погрешна насока со голема брзина е полошо отколку кога воопшто не се движиме.“

„Кога немате со кој би ги поделиле своите осамени мисли, вашите мисли почнуваат да ве делат меѓу себе.“

„Ако сè се случува онака како што сте сакале, животот ќе стане досаден.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура