X
 04.02.2016 Култура

Единствената епизода од Game of thrones која никој не ја видел

„Игри на престолот“ е една од најпопуларните телевизиски серии денес, но според Ден Вајс и Дејвид Бениоф, креаторите на серијата, првата епизода, која не била објавена, била катастрофална.


Вајс и Бениоф се појавиле во последната епизода на „Scriptnotes“ и зборувале за промените кои ги направиле по првичниот неуспех.

Како што дознаваме, оригиналната пилотска епизода била една од најболните искуства во животот на Вајс. Тој му ја покажал епизодата на пријател, кој откако ја погледнал кажал дека „тие имаат огромен проблем“.

Очигледно, првата епизода имала многу проблеми, но еден бил највпечатлив. Имено, никој не сфатил дека Џејми и Серсеи биле брат и сестра, што е многу значаен дел од приказната.

По заменувањето на актерката која ја играла Кејтлин Старк, изнајмувањето нов режисер и повторно снимање на речиси 90% од епизодата, била направена нова верзија, која ја знаат сите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура