X
 17.02.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата... Во наредните денови ќе има големо количество на пустински песок



Во Македонија во среда во претпладневните и вечерните часови ќе доминира зголемената облачност, додека пак околу пладне и попладне ќе имаме повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури и денес ќе бидат високи и ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 15 односно до 23 степени.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 21 степен.

Во Македонија во четврток ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од дожд и пад на максималните температури кои ќе се движат од 8 до 16 степени. Во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, утринските температури ќе бидат во опаѓање а пак дневните достигнат до 10 односно до 18 степени. Во сабота умерено облачно со услови за слаби врнежи од дожд. Максималните температури од 8 до 16 степени. Во недела по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и температури до 10 односно до 18 степени.

Поради силното изразено воздушно струење над Македонија денеска а и во наредните денови ќе има големо количество на пустински песок. Особено ќе биде видливо во четврток кога со врнежите ќе паѓа и многу нечист дожд, кој во себе ке содржи количество на песок.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот