X
 18.02.2016 Наука

Археолошки мистерии сокриени во сателитските снимки

Археологијата е загатка. За Сара Парак, процесот за пронаоѓање на антички богатства денес е многу полесен со помош на сателитските снимки.

 

парак

 

Eве што таа со нејзиниот тим успеале да пронајдат досега преку анализа на снимките.


Мистеријата: Што се случило со Иштауви, античкиот главен град на Египет?

 

1

 

Околу 350 години, за време на периодот познат како Средното Кралство. После 1785 година пред нашата ера, кога главниот град бил префрлен во Теба, овој град исчезнал. „Египтолозите знаеја дека градот мора да биде некаде близу пирамидите на двата кралеви кои го граделе, но тоа само ја намали површината од четири милји на три милји“, вели Парак. За да ја пронајде точната локација на градот, тимот на Парак ги искористил топографските податоци на НАСА за да ја мапира областа, и да ги анализира суптилните промени во вегетацијата. Тие сакале да дознаат каде Нил течел - западно од реката која ја знаеме денес. Користејќи античка водена линија како водич, тие забележале голема површина во кругот. Парак соработувала со египетските научници за да го ископаат централниот дел од ова место - тие дупчеле со цевка во земјата со цел да анализираат знаци на човечки живот. Под дебелиот слој од кал, тие пронашле слој керамички садови. „Тие датираат од периодот на Иштауви“, вели Парак. Уште поинтересно било тоа што пронашле присуство на сард, кварц и рубини. „Ова биле најчестите камења во накит од Средното Кралство“, додава таа.


Мистерија: Како изгледал изгубениот град Танис?

 

2


Археолозите ги истражувале гробовите и храмовите од Танис уште во средината на 1800-те. Во 1939 година, Пијер Монте открил недопрена гробница од Фараонот Псусенес I, познат како „Сребрениот фараон“ како и гробови на голем дел од неговите потомци. „Златото беше многу почесто во древниот Египет, но среброто беше неверојатно ретко, што покажувало колку богати навистина биле“. Парак сакала да го открие градот изграден од овие фараони. Затоа во 2011 година нејзиниот тим ги истражувал сателитските снимки од областа кадешто се сомневале дека се наоѓал градот. „Користевме мулти-спектрална анализа на снимките која ја споивме со слики со висока резолуција, а потоа искористивме техники за подобрување на зградите кои се појавија“, вели Парак. На сликата погоре, античкиот град започнува да се гледа. Со дополнителна анализа нејзиниот тим можел да го види и обликот и големината на градот како и видовите на објекти во него.

Мистерија: Зошто пљачкосувањето во Египет станало толку често во последните години?

 

3


Тимот на Парак користеле сателитски податоци со отворен код за да го мапираат пљачкосувањето низ Египет од 2002 до 2013 година. Тие откриле пљачкосување на повеќе од 300 места, и повеќе од 250.000 поединечни точки и дупки на местата кадешто можело да се види дека ограбувачите копале. Тимот дури и можел да забележи како моделите на овие ограбувачи се менувале со текот на времето. „Прашањето кое луѓето постојано го прашуваат е: кога ова започнало? За луѓето се чини дека започнало во 2011 година, како одговор на Арапската пролет. Меѓутоа всушност започнало во 2009 година“. Парак посочува на фотографија од Атрибис, грчко-римска локација северно од Каиро. Во 2007 година, на локацијата нема знаци од пљачкосување, меѓутоа фотографијата од 2009 година покажува дека започнуваат да се формираат грабежни јами во близина на правоаглоната зграда.

Мистеријата: Каде е изгубениот амфитеатар на Портус?

 

4


„Портус бил еден вид на Amazon.com за Римското царство“, вели Парак. Овој антички град на италијанскиот брег бил центар за трговија. Парак заедно со нејзините колеги кои ги проучувале остатоците од античкиот град веќе 30 години усепале заедно да го анализираат преку сателит. „Со недели работев во мојата лабораторија и не пронајдов ништо ново“. До новост дошле со сателитските податоци од областа на североисточниот дел на денешниот град Порто. „Се појави интересна карактеристика - околу 40 метри со дебели ѕидови од 8 метри. Имаше јасни насоки и врати. Кога им ја покажав на колегите тие ми кажаа дека успешно го пронајдовме амфитеатарот, нешто што се обидувале да го направат со децении“, вели таа.

Мистеријата: Што останува да биде откриено во Долината на кралевите?

 

5


Долината на кралевите во Египет е уште еден добро проучен локалитет - тоа е местото на гробот на кралот Тутанкамон. Но, тука остануваат многу работи кои треба да бидат откриени. Кон крајот на 2015 година, радарско скенирање на гробот на Тутанкамон го потврдил постоењето на два претходно непознати влезови. За Парак, тоа ја нагласува потребата за повторно скенирање на локалитетот со самото развивање на технологијата. Фотографиите погоре од НАСА покажуваат дел од долината - сликата на левата страна е необработена, а сликата од десната страна поминала низ термичка инфрацрвена обработка. Овој вид на анализа и` помогнал на Парак и нејзиниот сопруг да откријат неколку непознати нешта - вклучувајќи колиби и коптски манастир.

Мистеријата: Како да „тренирате“ компјутер да забележи археолошки карактеристики?

 

6


Оваа слика го покажува египетскиот град Мендес, кој исто така е исклучително проучен. Ова е првото место кадешто Парак работела како додипломски студент во 1999 година и  место кадешто таа подоцна за прв пат ги тестирала нејзините техники за анализа преку сателитски снимки. Парак создала алгоритам за да пронајде решение за пикселите на сателитската снимка со хемиски потпис на почвата. На оваа фотографија почвата која содржи археолошки материјал се појавува како сина, додека обичната почва се појавува како црвена.

Мистеријата: Што ја прави оваа римска тврдина во Тунис толку посебна?

 

7


Парак ја забележала оваа тврдина (заокружената област во црвено) додека мапирала антички римски патишта во Тунис заедно со колега. „Кога луѓето ќе слушнат за римските патни мрежи во Северна Африка, тие замислуваат долг, континуиран систем. Но тоа не беше случајот. Со оглед на големото пространство на континуитетот, Римјаните морале да бидат добри стратези за начинот на кој го чувале, па изградиле тврдини на секои 200 километри за да се осигураат дека никој не влегол или излегол без да плати данок. Меѓутоа една тврдина од озгора изгледала многу поинтересна - имала густи темни дамки. „Изгледаше како да е изгорена. Не можев да објаснам се` додека не отидов таму. Во тој дел на локалитетот, пронајдовме индустриски биопроизвод. Покажува дека локалитетот бил центар за производство на керамика“.

Мистеријата: Кој е погребан во овој гроб стар 3.800 години?

 

8


Локалитетот ел-Лишт во Египет, јужно од Каиро датира од Средното Кралство. Гледано од вселената денес, на овој локалитет се случиле доста пљачкосувања. Кога Парак пристигнала да копа таму, нејзината екипа била загрижена дека ограбувачите ќе се вратат, па затоа и` укажале на гроб кој сакале да го анализираат пред да биде предоцна. Наскоро тимот пронашол возбидливи парчиња како насликани релјефи и фрагменти од натписи. „Почнавме да се надеваме дека ќе најдеме кој бил погребан во гробот“. После долго време, тие го пронашле и името напишано со хиреоглифи: Интеф. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука