X
 22.03.2016 Технологија

Што треба да знаете за новите производи на "Apple"?

„Apple“ се враќа на своите корени. Компанијата претстави нов телефон и подобрена верзија на својот таблет вчера. Извршниот директор Тим Кук го нарече новиот телефон „најмоќен 4-инчен телефон на сите времиња“.


Новиот iPhone SE е двојно побрз од iPhone 5s, има камера од 12 мегапиксели и може да прави фотографии на истиот начин како и iPhone 6s. Телефонот наликува на iPhone 5s, има лозинка со допир и со него може да се користи „Apple pay“. Исто така, може да снима и видеа со резолуција од 4К. Освен големината и обликот, единствената разлика со iPhone 6s е тоа што поголемиот телефон има можност за употреба 3-Д допир.


Новиот телефон ќе биде достапен во сива, сребрена, златна и розева боја во модели од 16 GB i 64 GB со цена од 457 евра нагоре. Телефонот може да се порача веќе од 24 март, а во продавниците низ светот би требало да пристигне на 31 март.

Нов iPad

Фил Шилер беше лицето кое во име на компанијата го претстави новиот таблет со екран од 9,7 инчи. Новиот модел ги има сите карактеристики на 12-инчниот, но ја задржува традиционалната големина за iPad. Шилер го нарече таблетот „замена за персонален компјутер“.


Таблетот ја поддржува „Hey Siri“, што значи дека уредот може да ви ги чита пораките наместо вас. Како и претходниот модел, тој има опција за тастатура која се поврзува по избор. Ова е и вториот iPad, по оригиналниот iPad Pro, кој работи со молив.

Таблетот доаѓа во четири бои и три модели: 32 GB, 128 GB и 256 GB. Цената започнува од 799 евра.

Останати новости

Извршниот директор на „Apple“ најави и други новости, како можноста за заштитување белешки со лозинка и подобрувања во „CarPlay“. Најавени беа и промени со „Apple TV“.

Инаку, настанот беше започнат со став инспириран од борбата против барањето на ФБИ за отворање на телефонот на нивни корисник.

- Мора да одлучиме како нација колку моќ треба да има владата над нашите информации и нашата приватност - изјави Тим Кук, извршен директор на „Apple“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија