X
 25.03.2016 Култура

Како реагираа швеѓаните на прашањето на една студентка-муслиманка?

Една студентка од Саудиска Арабија која живее во Стокхолм за „The Local“ изјавува дека одлучила да спроведе социјален експеримент за да ја истражи исламофобијата во Шведска.


Јара Отман пристигнала во Шведска пред девет месеци, а нејзиниот пат до земјата не бил лесен. 18-годишната муслиманка одлучила да излезе на улиците во Стокхолм со камера, молив и голем знак и да ги покани жителите да ги напишат своите одговори на следната речениа: „Јас сум муслиман и тоа ме прави...“

„Како муслиманка која носи превез и не се срами од камерата, мислев дека е добра идеја да се направи нешто како ова и да се подигне свеста против исламофобијата. Нема многу луѓе што го прават тоа, па си помислив зошто да не го направам тоа јас?“, вели Отман.

Првата личност која го дала одговорот на нејзиното прашање напишала „терорист“, а друга „луд“. Но, има и коментари како „пријател“, „прекрасен“, „уште еден човек“ итн. Отман изјавува дека иако не сакал да го претпостави најлошото, била изненадена од реакциите.

„Всушност, имав многу ниски очекувања и бев малку загрижена дека работите може да излезат надвор од контрола. Искрено бев шокирана и изненадена со бројните позитивни коментари кои ги напишаа луѓето“, изјавува таа.



Шведска неодамна ги заостри правилата за азил откако прими 163.000 бегалци во 2015 година. Концептот станува жешка тема во земја која претходно беше позната по својата слободоумност. Отман смета дека Шведска нема да ги загуби толерантните ставови.

„Искрено мислам дека Шведска можеби еден дел ќе стане новата Америка. Бидејќи прима толку култури и луѓе, иако секому во Шведска не му се допаѓа она што се случува. И не, не сум загрижена за ксенофобијата и знам дека ние како имигранти имаме многу да понудиме и дека швеѓаните наскоро ќе го ценат тоа.“

Отман се преселила во Шведска со цел да студира медицина.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура