X
 25.03.2016 Живот

Зошто тероризмот нема да ме спречи да патувам?

Сè почесто читаме за опасностите при патувањето, особено во одредени земји, најмногу поради опасноста од терористички напади. Но, животот е еден, а тој е создаден и за авантура и патување. Глорија Атанмо од „The blog abroad“ во последната колумна ги охрабрува луѓето да патуваат наместо да дозволуваат стравот да ги надвладее со сите медиумски информации кои ги примаат.


„Не можам, а да не се зачудам на секоја порака за безбедност која ја добивам бидејќи, дали тоа би требало да значи дека не треба да живеам како обично? Како да не ги правам основните работи за безбедност за почеток? Како да треба да ги одбегнувам непознатите со страв дека може да се дел од 0,000001% од срамните терористи на оваа земја?“, пишува таа.

Глорија додава дека постои разлика меѓу грижа и параноја. Според неа, луѓето премногу се фокусираат на идејата за потенцијална закана од нешто што сè уште не се случило. Не би требало да живееме до крајот на животот мислејќи само на нашата безбедност.

„Не можам да посочам доволно дека балансот на нашето ментално здравје е битен. Ако трошиме часови заразувајќи ги нашите умови со еднострани приказни на медиумите и политичарите, без да ја споредиме таа негативност со прекрасните потсетници на напредокот и надежта, тогаш умот ќе скапува повеќе со секоја секунда. Сакам ова да биде голем потсетник дека светот е ГОЛЕМО место. Место кое е населено со прекрасни и продуктивни човекови суштества од целиот свет.“


Глорија додава дека изгледаме смешно кога се обидуваме да ги понижиме другите споредувајќи која држава заслужува поголема тага и жал или медиумско внимание?

„Тажна реалност е, доколку трагедијата не се случува на бел човек од запад, глобалната емпатија да не се очекува. Би требало, но прифатив дека нема да се случи. Тоа, едноставно, не се менува преку ноќ.“

„На крајот од денот, само сфатете дека сите сме болни. Сите нè боли. Сите сме во една глобална болница на сиромаштија, терор и корупција. Но наместо да се фокусираме на работење за заздравување, трчаме наоколу во други соби за да им кажеме на луѓето да видат во нашите рани за да видат колку нашата хаштагирана земја ја боли.“

Глорија порачува сите заедно да се молиме и да заздравуваме, без да ги забораваме раните на останатите.

„Извини, тероризам, но нема да ме спречиш од сакање, живеење и особено, патување. Не дозволувајте да ве спречи вас“, заклучува таа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот