X
 30.03.2016 Наука

Карл Сејган за вонземјаните: Нашата цивилизација е последна во галаксијата која би можела да комуницира

Во последната епизода од серијата изгубени интервјуа „Blank on blank“, го гледаме брилијантниот физичар Карл Сејган.


Во ова интервју, Сејган зборува за загриженоста дека нашата цивилизација ја нема способноста за воспоставување комуникација со вонземјаните. Интервјуто е од 1985 година.

- Нашата цивилизација е последна цивилизација во галаксијата која би можела да комуницира, воопшто бидејќи тукушто ги измисливме радио телескопите, пред неколку децении. Не сме имале никаква шанса за комуникација со било кој. Така, ако добиеме порака, не може да биде од некој помалку способен од нас, бидејќи било кој помалку способен од нас не може воопшто да комуницира. Значи, мора да биде некој многу понапреден од нас или можеби понапреден од нас колку што сме ние понапредни од мравките, да речеме, или црвите - вели Сејган во интервјуто.

Целото интервју слушнете го во продолжение. 



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука