X
 31.03.2016 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува



Во Македонија во утринските часови постојат услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и секаде ќе бидат во позитива а ќе се движат од 2 до 9 степени. Максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.

Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен ветер. Утрнската температура од 5 степени, а максималната дневна до 21 степен.

Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и топло. Максималните температури ќе се движат од 18 до 27 степени. Во сабота сончево и многу топло со температури од 19 до 28 степени. Во недела и понеделник умерено облачно со сончеви периоди и благ пад на дневните температури, со напомена дека во недела во попладневните часови постојат услови за локални врнежи. Во недела максималните температури од 16 до 25 степени, а во понеделник од 14 до 23.

Weathr4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот