X
 12.04.2016 Технологија

Веб страна која користи математика за создавање на секој можен патент

patenet

Широко прифатено е дека системот за патенти на Америка не функционира. Александар Ребен се согласува, а како одговор на тоа тој создаде веб страна чија цел е да направи потешко луѓето да патентираат нови идеи.


Неговата страна „All Prior Art“ е обид да се „демократизираат идеите, да се обезбеди поттик за промена на застарениот систем за патенти“. За да го постине тоа, веб страната користи алгоритми за да генерира нова уметност која се објавува под „Creative Commons“ лиценцата - и со тоа да го направи концептот потежок за патентирање. Тој објаснува како функционира:

„Системот работи со повлекување на текстот од целата база на податоци на Америка издадени и објавени (не-одобрени) патенти и создавање на уметност од јазикот на патентот. Додека повеќето генерирани пронајдоци ќе бидат бесмислени, трошоците за пресметка и објавување на милиони идеи е речиси нула“.

„Creative Commons“ лиценцата беше избрана за спречување на комерцијална употреба на текстот, заедно со ограничување на копирањето, со оглед на тоа што целта на уметноста е да биде јавно објавена немодифицирана како и да биде валидна референтна точка. Ако сакате да направите нешто интересно со овие податоци и поради некоја причина лиценцата не функционира за вас, ве молам контактирајте ме“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија