X
 14.04.2016 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува... Денес, пустински песок над Македонија



Во Македонија во четврток во раните утрински часови ќе биде претежно облачно. Oблачност веќе во попладневните часови ќе се намалува од запад кон исток, а во попладневните часови насекаде ќе биде претежно сончево, многу топло и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер кој во западните предели ќе достигне брзина и до 55 км/ч. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 7 до 19 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 20 односно до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток претпладне ќе биде умерено облачнао со сончеви периоди, попладне сончево, топло и ветровито. Ќе дува засилен југозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
- Во Македонија во петок сончево и топло со пад на максималните температури поради северното воздушно струење. Максималните темпертури ќе достигнат до 17 односно до 26 степени. Во сабота, недела и понеделник сончево и многу топло за овој период од годината, со константен пораст на температурите, кој повеќе ќе наликува на лето отколку на пролет. Во сабота температурите од 20 до 28 степени, во недела од 23 до 31 степен, додека во понеделник ќе достигнат до 24 односно до 32 степени.

Силно изразеното јужно воздушно струење и вчера ни донесе пустински песок над Македонија, но денес неговото количество во воздухот ќе биде присутно во многу поголеми количини. Бидејки ќе имаме и претежно ведро време многу веројатно е дека ќе биде и видливо во хоризонтот. Во Македонија се очекува неговата количина да се движи од 100 до 500 микрограми на метар кубен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот