X
 04.05.2016 Живот

Судска пресуда: Крадењето храна не е криминал ако сте гладни

Kражбата на помала количина на храна не е кривично дело ако сте гладни, пресуди италијанскиот Врховен суд.

 

храна


Украинецот Роман Остриаков во 2011 година живеел во Џенова во тешки услови кога бил фатен во еден супермаркет додека крадел сирење и колбаси во вредност од 4 евра.

Тој бил прогласен за виновен за кражба, осуден на шест месеци затвор и морал да плати 100 евра казна.

Државниот адвокат поднел жалба против оваа одлука, тврдеји дека Остриаков не би требало да биде обвинет за кражба туку за обид за кражба, бидејќи тој бил фатен пред да го напушти супермаркетот.

Но, италијанскиот Врховен суд целосно ја поништил одлуката.

„Ситуацијата на обвинетиоте и условите во кои тој ја украл стоката покажуваат дека зел мала количина на храна за да ги задоволи неговите основни потреби за храна“, се вели во пресудата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот