X
 15.05.2016 Економија

Станува највреден ресурс, а не е вода ниту нафта

По водата и нафтата се појавил нов ресурс кој е толку вреден за да се водат војни за него. Песокот е нешто што го земаме здраво за готово и кое го има во изобилство. Сепак, побарувачката за овој ресурс е толкава што постои црн пазар за него.


„Песочната“ мафија е одговорна за ерозијата на земјиштето во Јамајка, а сигурно ќе бидете изненадени кога ќе слушнете дека наоѓалаштита на песок ги чуваат наоружани луѓе. Како градежен материјал, месокот го поминал тестот за времето бидејќи се користи уште во 3.500 година пред нашата ера.

Денес се користи за многу работи - од стандардни градби и базени, до екрани на мобилни телефони и пасти за заби. Откако стигнало до светски бум во градежништвото, но и во новите технологии кои се користат за време на бушењето нафта, побарувачката за песок силно пораснала.

Во 2014 година, производството изнесувало 196 милиони тони. Изминатата година, пазарот за песок во САД бил „тежок“ 8,7 милијарди долари. По водата, ова е најмногу користен природен материјал. Побарувачката за песок во светот е нерамномерно распоредена. Кина потрошила повеќе песок во последните четири години отколку САД во последниот век. Кина, инаку, е петтиот најголем увозник на песок на светот.

Дури и Соединетите Арапски Емирати, кои се обиколени со пустини, увезуваат песок во вредност од 456 милиони долари. Но, сето тоа се одразува на екологијата. Имено, според некои пресметки, експлоатацијата на песок довела до ерозија на плажите во светот и тоа речиси 40 метри во периодот од 1968 до 2008 година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија