X
 13.06.2016 Култура

Ненад Ристовски, раководител за дигитални медиуми во "Публицис": Она што ја прави разликата меѓу добро и одлично е персоналниот допир

Ненад Ристовски е раководител на одделот за дигитални медиуми во „Публицис“. Тој беше гостин на последното Бизнис кафе во Скопје.


Дигиталните технологии и бизнис економијата биле негова страст уште од мали нозе. Сега се занимава со дигитален маркетинг во „Публицис“, што му овозможува да ги спои двете страсти. Во оваа агенција е веќе 10 години. Средината во која работи му се допаѓа поради луѓето со кои работат, кои се интересни и со различни позадини.

Иако „Публицис“ е меѓународна агенција, многу од клиентите во Македонија се локални, открива Ненад. Развојот на македонскиот интернет пазар е забележителен. Ненад вели дека можностите денес се многу поголеми во поглед на дигиталниот маркетинг.

- Порано беше незамисливо да се занимаваме со посериозен адвертајзинг, сега веќе можностите се толку големи што самата технологија го бутна пазаро напред. Не мислам дека компаниите и агенциите го бутнаа пазарот напред колку што технологијата и можностите го направија тоа.


Најважно за успех во дигиталниот маркетинг е желбата и подготвеноста за пробување нови работи. Неговиот совет за почетниците е секогаш да експериментираат. Од неговата работа досега, тој научил дека е најтешко да се работи со луѓе бидејќи сите имаат посебни афинитети.

Сепак, тој смета дека секој треба да се бори за својот успех. Неговото животно мото е да се направи еден чекор понатаму.


 - Во секојдневната работа, секој има многу обврски и на секој му се доделуваат одредени задачи, проекти, кампањи, било што. Меѓутоа, она што ја прави разликата меѓу добро и одлично е тој персонален допир, тој дополнителен чекор што може да го направите, да се вложите себеси во нешто дополнително, па тој што ви ја дал задачата да ја добие нешто малку повеќе од тоа што го очекувал.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура