X
 27.06.2016 Образование

Кои се условите за упис на факултетите оваа година?

Првиот уписен рок за новите студенти на УКИМ е на 18 и 19.8. Официјалниот конкурс за уписите беше објавен изминатата недела. Дознавме кои факултети примаат најмногу студенти, а кои најмалку.


Кога станува збор за предметите кои се потребни за влез на факултетите, тие се разликуваат од факултет до факултет. Но, има предмети кои се задолжителни за сите кандидати. За сите кандидати задолжителен екстерен испит е мајчиниот јазик - македонски јазик и литература, албански јазик и литература или турски јазик и литература.

Првиот изборен екстерен испит за кандидатите со гимназиско образование и со средно стручно образование е математика или странски јазик, додека за кандидатите со средно уметничко образование е странски јазик или естетика/филозофија.

Кога станува збор за вториот изборен екстерен предмет и интерниот предмет се бараат посебни предмети за секој факултет.

Изборот на вториот екстерен предмет и интерниот предмет не играат улога на следните факултети: Технолошко-металуршки, Природно-математички, Економски, Филолошки, Педагошки, Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Шумарски, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Факултет за драмски уметности и Факултет за ликовни уметности.

На овие факултети нема ограничувања за изборот на вториот екстерен и интерниот предмет.

За останатите потребни предмети погледнете го официјалниот документ ОВДЕ.

Каде има приемен испит?

Проверка на знаењата и склоноста кон насоките се врши на неколку факултети при УКИМ.

Оваа година, проверка на знаење се врши на следниве факултети: Архитектонски, Стоматолошки, Факултет за драмски уметности и Факултет за музичка уметност.

На овие факултети е потребен приемен испит за некои или сите насоки на факултетот. 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование