X
 16.06.2016 Образование

УКЛО го објави конкурсот за нови студенти

Распишан е конкурсот за запишување на студенти во прва година на прв циклус на студии на Универзитетот Св Климент Охридски“ - Битола, за академската 2016/17 година. Универзитетот има место за 3.543 студнети, од кои 2040 во редовната квота.


На Технилкиот факултет има место за 590 студенти, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии за 460, на Технолошко -технички факултет Велес има место за 355. Економскиот факултет од Прилеп може да да запише 430, а Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, 370 студенти во прва година.
Педагошкиот факултет во Битола има 125 места, Факултетот за безбедност во Скопје има 360 места, Правнот факултет во Кичево има 270 места, а Факултетот за биотехнички науки од Битола 260 студенти.  На Ветеринарниот факултет во Битола има место за 45, а на Високата мдицинска школа во Битола 278 слободни места.

Конкурс за уписи

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование