X
 13.07.2016 Живот

Тропски денови до крај на работната недела, за викенд - голем пад на температурите

Денес е среда, 13 јули 2016 година, 195-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:05, а ќе зајде во 20:11 часот. Денот ќе трае 15 часа и 5 минути.

Ова утро во Македонија имаме сончево и топло утро, насекаде над Макаедонија е ведро.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес не очекува тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Попладне во западните предели појава на локална облачност која што понекаде може и да услови и слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Попладне појава на локална облачност која во доцните попладневни часови може да услови сосема слаби локални врнежи. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 37. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во четврток тропски ден, ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. Во петок промена на временската состојба. Во утринските и претпладневните часови умерено облачно, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд, засилен ветер и пад на температурата. Температурите од 24 до 34 степени. Во сабота облачно со врнежи од дожд и свежо со дневни температури кои ќе се движат од 20 до 30 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот