X
 14.07.2016 Живот

Денеска тропски ден, од утре пад на температурите



Денес е четврток, 14 јули 2016 година, 196-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:06, а ќе зајде во 20:10 часот. Денот ќе трае 15 часа и 04 минути.

Ако по утрото се познава денот, денеска не очекува вистински летен ден. Во утринските часови во Македонија имаме сончево и доста топло време, насекаде над Македонија е ведро.

МАКЕДОНИЈА - Пред нас е уште еден тропски летен ден. Ќе биде сончево и многу топло но и ветровито време, особено во западните и северозападните предели каде што се очекува да дува југозападен и западен ветер со брзина до 35 км/ч, во останатите предели доумерен слаб југоисточен ветер. Утринските температури од 14 до 23 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9. Избегнувајте излегување на сонце во период од 10 до 17 часото и следете ги препораките за превенција од топлотни бранови.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 38 степени. УВ индексот 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација и продор на ладна воздушна маса кои што ќе условат умерено облачно време со врнежи од дожд, засилен ветер како и пад на температурите. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и североисточните предели во доцните попладневни и во вечерните часови. Максималните температури од 23 до 34 степени. Во сабота и недела ќе биде умерено облачно време а во западните, северозападните и југозападните предели со врнежи од дожд. Максималните температури ќе достигнат од 19 до 29 степени во сабота, односно од 18 до 28 степени во недела. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и свежо со температури од 18 до 28 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот