X
 19.07.2016 Економија

Wizz Air со нова линија од Скопје



Wizz Air, најголемата ниско-буџетна компанија во Централна и Источна Европа, денес објави нова линија од Скопје до Хановер - Германија. Новата линија ќе започне на 1-ви Ноември со два лета неделно, вторник и сабота. Картите се веќе во продажба на wizzair.com почнувајќи со цена од само 1,199* денари.

Хановер, главниот гран на сојузната покраина Долна Саксонија е важен трговски центар, како и голем саем и центар за фестивали, познат по Октоберфест Хановер, кој е втор по големина Октоберфест во светот и Хановер Schützenfest- најголемиот панаѓур на стрелци во светот. Со голем број на музеи од светски рамки, галерии и театри, градот е исто така познат како важен културен центар и е одличен избор да се посети и од туристички и од бизнис аспект. Со денешната објава, Хановер стана најновиот 124ти аеродром во мрежата на Виз Аир.

Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во Јуни 2011 и од тогаш Wizz постојано ја проширува мрежата во Македонија, како и основање на летови на вториот аеродром во Македонија, аеродромот во Охрид од Јуни 2015. Од првиот лет, преку 2.2 милиони патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија, што ја прави Wizz Air водечка авиокомпанија во Македонија во однос на расположливиот капацитет.

Со новите активности во Германија, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.

НОВАТА ЛИНИЈА НА ВИЗ АИР ОД СКОПЈЕ:

Скопје - Хановер, Вторник/Сабота, од 1 Ноември, цена - €19.99/1,199 МКД
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија