X
 09.08.2016 Култура

Јапонија се сеќава: 71 година после атомската бомба во Нагасаки

На 9 август 1945 година, Америка ја фрли втората атомска бомба, погодувајќи го јапонскиот индустриски град Нагасаки. Шест дена подоцна, Јапонија објави дека се предава.

 

nagasaki


Најмалку 74.000 луѓе починале од атомската бомба, а над 140.000 луѓе починале три дена претходно за време на атомската бомба во Хирошима, првиот светски нуклеарен напад.

Бомбата која го погодила градот на 9 август 1945 година била наречена Fat Man од Американците. Неа ја носел авионот Bockscar, кој прелетал од Маријанските Острови, а бил управуван од генерал-мајор Чарлс Свини.

После Хирошима, американскиот претседател Хари Труман изјави дека ако Јапонија не ги прифати условите за предавање, може да очекува дожд од пропаст од воздухот, нешто што никој не го доживеал на Земјата.

Нагасаки првично не бил на листата на можни цели за атомска бомба - градот бил додаден две недели пред нападот. Дента, на 9 август, Америка првично планирала да го бомбардира градот Кокура, но поради лошата видливост од лошите временски услови, авионот се упатил во Нагасаки.

Америка го оправда користењето на атомската бомба како потреба да се стави крај на Втората светска војна и да се спасат илјадници цивили и војници низ целиот свет од континуираниот конфликт. Но, критичарите велат дека Јапонија веќе била подготвена да се предаде, а причината поради која Америка ја фрлила бомбата била желбата да ја покаже својата моќ.

Нападот на Нагасаки уништи 30% од градот, уништувајќи скоро се' во индустрискиот дел. Оние кои преживеале се соочиле со ужасни повреди или болести од радијацијата.

Градот бил повторно изграден 10 години подоцна.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура