X
 30.08.2016 Наука

Овој руски милијадер инвестира 100 милиони долари за да ја истражува новооткриената Планета

Во Април, рускиот милијардер, Јури Милнер вети 100 милиони долари за патување до друг ѕвезден систем. Мисијата “Breakthrough Starshot“ има за цел да го стори ова со тенки двигателни вселенски бродови со моќни ласери кои ќе имаат брзина до 20 проценти од брзината на светлината.

Милнер и познатиот фиизчар Стивен Хокинг првично рекоа дека нивната дестинација ќе биде “Алфа Кентаури“, ѕвезден систем, околу 4.37 светлосни години далеку од Земјата. Но неодамнешното откритие за блиска планета може да ги промени нештата за  нивната мисија.

Астрономите во Средата објавија дека тие откриле Планета Земја со потенцијал погодна за живеење, наречена “Proxima b“ која кружи околу “Proxima Centauri“ мала црвана ѕвезда,, што е уште поблиску од “Алфа Кентаури“ за 1 трилиони години.

 

 

Јури Милнер, руски милијардер

 

 

Вселенското летало со камера и разни филтри може да прави слики во боја на планетата и ќе може да се заклучи дали е зелена (како што е и нашата Планета), сина (со води и океани на нејзината површина) или само кафеава ( суви камења).

Тимот се надева да постигне лансирање за две или три децении и да се досегне до “Proxima Centauri“ за 20 години од сега. Во меѓувреме за фотографиите ќе бидат потребни најмалку 4.24 години, тоа е далечината во светлосни години од тука до ѕвездите за нивно враќање назад на Земјата. Со додавање на временската рамка, тимот на Милнер смета дека може да земе фотографии од “Proxima b“ до 2060 година.

Милнер изјави дека мисијата “Starshot“ ќе започне а доказ за тоа се 100 милиони долари што ќе се инвестираат за концепт на дизајн, изградба, стартување и придвижување на мала флота до “Алфа Кентаури“ за околу 25 години. До овој момент “Starshot“ веќе има прототип хипотетички вселенски брод, наречен “StarChip“ кој ќе биде изграден Тоа е помало од iPhone, а ќе биде подржана со камери, фотон мотори, напојување со енергија, навигација и комуникациска опрема.

Ави Лоеб физичар од Универзитетот Харвард и претседеавач на советодавниот комитет на мисијата “Starshot“ вели дека следните 5 до 10 години на проектот и повеќето од 100 милиони долари би биле насочени за докажување дека ласерскиот погон всушност работи.

 

 

новооткриена планета 

 

 

“Од тука ќе работиме на усовршување на мали бродови. Тоа ќе ни овозможи да испратиме една флота кон “Proxima“ што ќе емитува сигнали и ќе ги испрати фотографиите до Земјата многу лесно (од вселенско летало до друго по должината на линијата во близина на “Proxima“). Љубопитноста да дознаеме повеќе за планетатата (најважно дали може да понуди живот на неа) ќе и даде на нашата мисија чувство на итност.  Дури и ако не поддржува живот сеуште е важно да се истражи не толку далечниот свет. Животниот век на Proxima се проценува дека е неколку милијарди години, што е речиси илјадници пати повеќе од останатиот живот под Сонцето. Оттука погодната карпеста планета, околу “Proxima“ ќе биде најприродната локација на која нашата цивилизација може да се стреми да се движи откако Сонцето ќе исчезне за околу 5 милијарди години од сега“- вели Лоеб.

 

Еден богат обожавател на истражување на Вселената

 

Фасцинацијата на Милнер, со вселената и науката е длабока. Првиот човек што отиде до Вселената беше космонаутот Јури Гагарин, според кој Милнер вели го добил своето име. Исто така тој потроши многу пари на научни иницијативи и претходно, а вели дека сака да го прослави интелектуалното достигнување на ист начин како што го славиме уметничкото и спортското.

Рускиот милијардер и филантроп исто така има соработувано и со Хокинг во минатото. Во Јули 2015 година, двајцата најавија план кој чини 100 милиони долари, наречен “Breakthrough Listen“, за барање на ѕвездите за интелегентен вонземски живот.

 

Милнер дури и работеше на докторат во физиката пред да стане инвеститор во Силиконска Долина каде тој го има заработено своето богатсво, инвестирајќи во компании како: “Facebook“, “Twitter“, “Spotify“ и “Groupon“. Денес тој инвестира во некои од најголемите научни награди вклучувајки ја и “Breakthrough Prize“, што ја поддржува и Марк Цукерберг.  

Статијата е објавена во Business Insider

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука