X
 01.09.2016 Наука

Експлозија во центарот за лансирање ракети на "SpaceX"

eksplozija

 

Забележана е огромна експлозија во објектот за лансирање на „SpaceX“ во Кејп Канаверал, Флорида.


Зградите оддалечени неколку километри од објектот ја почувствуваа експлозијата, а луѓето во близина велат дека експлозијата траела неколку минути со што предизвикала темен чад.

НАСА соопшти дека компанијата спроведувала рутински тестови за нејзината „Falcon 9“ ракета кога се случила експлозијата.

„SpaceX“ неодамна тестираше една од овие ракети, пред да започне со лансирањето кое беше закажано во текот на оваа недела. „SpaceX“ се надева дека ќе може повторно да ја искористи опремата за прв пат, со што потенцијално ќе ги намали трошоците за патување во вселената.

Ракетата требаше да го пренесе израелскиот сателит во вселената во текот на викендот.

Не постојат индикации дека некој е повреден после експлозијата, а претставниците од „SpaceX“ се'уште немаат излезено со официјална изјава за експлозијата. НАСА вели дека и таа нема детални информации и дека агенцијата не е вклучена во лансирањето.

НАСА, која е еден од поглавните клиенти на „SpaceX“ вели дека експлозијата се случила во „Air Force“ станицата, на „Launch Complex 40“ - истовремено, персоналот го следеше воздухот во случај на било какви токсични гасови.

Ова не е прв пат лансирањето на ракета да наиде на проблеми. Минатата година експлодира ракетата „Dragon“ веднаш после лансирањето, предизвикувајќи одложувања и проблеми за Меѓународната вселенска станица.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука