X
 22.09.2016 Култура

МОТ ги отвори вратите на своето кралство


 
Десетмина актери што дишат во еден здив и живеат за стоте минути на сцената видовме синоќа на првата претстава од годинашниот избор на на Млад отворен театар. Четириесет и првото издание на најпровокативниот театарски фестивал во земјава го отвори „Форте компани“ од Унгарија, интересна театарска компанија во својот израз, која настапи со претставата „Вашето кралство“ во режија на Чаба Хорват.



Иако идејата за претставата е да му посвети внимание на унгарскиот писател Шандор Тар, преку неговите раскази, македонската публика блиску си ги доживеа, со оглед на тоа дека третира едно време кое и нам не ни е туѓо, социјализмот и неговото распаѓање. Режисерот Хорват, кој е и основач на театарската група нуди понов израз за унгарската театарска сцена – комбинација на театарска игра, музика, танц, при тоа користејќи исти реквизити (пластични цевки), кои имаа особено важна улога. „Вашето кралство“ покажува колку е важно да се има јасна идеја и концепт во театарот, а тоа да не чини скапо, со грандиозни сценографии.


Пред претставата се обрати Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар.

Старите пријатели на МОТ, Словенско младинско гледалишче на програмата се вечерва во 20 часот во МКЦ, со нивната претстава „Ние, европските лешеви“ во режија на Себастијан Хорват. Два часа подоцна, следува перформансот „Државата“ на режисерот Александар Мануилов од Бугарија. Станува збор за концептуално дело, кое ја користи моќта на нарацијата за да се осврне на реалните политички прашања.



Фото: Емилија Маневска
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура