X
 28.09.2016 Технологија

Со Youtube Go ќе се гледаат видеа без интернет

Youtube Go е нова апликација дизајнирана да овозможи поголем пристап до видеата. Индиските корисници први ќе имаат можност да ја тестираат затоа што и целта на апликацијата е да работи ефктивно во области со послаба интернет врска.

апликација за видео


Апликацијата овозможува видеата да се снимаат за да се гледаат и кога нема поврзување на интернет, а со опции и за квалитетот и големината на видеото. Со Youtube Go корисниците ќе може да споделуваат меѓу себе кога се во близина без да се користат било какви податоци.

„Youtube Go беше креирана од самиот почеток со увид во состојбата во Индија, со цел моќта на видеото да се им се донесе на корисниците на начин што е посовесен во однос на нивните податоци и поврзаност, а кој е локално релевантен и социјален“, изјавува Јохана Рајт, од раковоството на Youtube.

Апликацијата е најавена  на настан на Гугл во Делхи каде се презентирани и други производи чија цел е индискиот пазар напрвин, а потоа и цел свет. Жителите на Индија може да се најават уште сега и да ја тестираат апликацијата, но датумот на официјалното пуштање во употреба не е познат сé уште.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија