X
 01.10.2016 Наука

Надмината е точката на вриење на нивото на CO2 во атмосферата и тоа трајно

Официјално е – нивото на присуство на јаглерод диоксид во атмосферата е над ризичната граница и настанувањето на ваквата состојба е трајна.

 

 

 

 

Според Scripps Institution of Oceanography „веќе може да се заклучи дека месечно нема да видиме присуство на јаглерод диоксид кое е помало од 400 ppm, годинава, или било кога во иднина“. Нивните откритија се базирани на неделни опсервации на јаглеродниот диоксид во Хаваи Мауна Лоа Опсерваторијата, каде што научниците кои се бават со проучување на климатските промени, ги мерат нивоата на CO2 уште од 1958 година.

 

Изминативе неколку години, научниците не предупредуваа дека ако се надмине границата од 400 ppm, тогаш ќе има сериозни последици. Во 2012, оваа граница беше надмината на Арктикот. По три години, научниците започнаа редовно да го мерат нивото на CO2 во овој регион, но нивоата останаа исти.

 

Во моментов, експертите сметаат дека нема излез од оваа ситуација. Нивоата на јаглероден диоксид обично достигнуваат годишна ниска вредност кон крајот на септември, но оваа година, тие бројки се покачуваат и ја надминуваат границата.

 

Парискиот договор , кој претставува интернационална конвенција е посветена на борбата против климатските промени, а содржи и неколку цели кои директно се поврзани со нивоата на јаглероден диоксид. Сите земји кои се согласиле на договорот се обврзани да ги органичат емисиите на CO2 во индустриските зони.

 

Освен зголеменото ниво на CO2, има и други последици од климатските промени, кои исто така се перманентни.  Тука спаѓа истребувањето на некои врсти, чија бројка достигнува до истребување на 10 илјади врсти секоја година. Прогнозите се дека до 2050 година, една четвртина од врстите на планетата ќе бидат истребени. Следствено на тоа, се очекува да дојде и до дисбаланс на синџирот на исхрана.

 

Порастот на нивоата на морињата е исто така уште една последица на климатските промени. До 2100 година речиси 13 милиони луѓе во САД ќе бидат приморани да се преселат бидејќи нивните домови ќе се соочат со поплави.
Уште еден проблем е и кислеоста на океаните бидејќи постојано го апсорбираат CO2, што предизвикува пораст на pH вредноста.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука