X
 09.10.2016 Здравје

Збогум на вежбањето - на повидок таблета која го согорува салото?

За сите оние кои имаат аверзија кон редовното вежбање, научниците можеби ја имаат најдобрата вест – на повидок е таблета која го согорува салото, односно предизвикува слабеење само без вежбање и потење и се разбира вложување труд.


Иако на некои ова ќе им звучи како премногу добро за да биде вистинито, научниците тврдат дека еден ден ова можно е да е вистина – таблета која ќе се дава резултати како и самото вежбање. Имено уште во 2012-та година идентификуван бил хормон кој во телото се ослободува за време на вежбањето и помага не само да се намалат килограмите, туку и го спречува накачувањето на килограмите во иднина.

 

 

 


Се работ за хормонот ирисин кој е откриен кај глувците и луѓето, а се ослободува за време на вежбањето. Влегува во крвотокот и патува до масните клетки каде што низ биохемиски процес започнува трансформацијата на обичните масни клетки во кафеави, кои се пожелни бидејќи се метаболички активни. Со други зборови, го користат кислородот и за свое функционирање потребна им е нергија, а со самото тоа трошат и калории.


Исто така се смета дека хормонот влијае и на прекинот на создавање на масно ткиво, а истовремено ги зајакнува коските, пишува британски
Sun.

Многу од професорите кои работат на ова откритие сметаат дека со овие податоци уште еднаш само се потврдува колку вежбањето е всушност важно за организмот заради процесите кои тоа ги предизвикува и нивните придобивки. 

Но, иако овој хормон е докажано дека помага и во зајакнувањето на срцевата функција и го подига нивото на калциум во телото, сепак го нема истото позитивно влијание на срцето и мозокот како самото вежбање. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје