X
 10.10.2016 Култура

Поезијата, убавината, романтиката, љубовта- тие се нештата поради кои ние остануваме живи


Деветнаесет години од премиерата на филмот “Добриот Вил Хантинг’ (или оригинално: “Good Will Hunting“) во режија на Gus Van Sant и главни улоги: незаборавната легенда Робин Вилијамс, Мет Дејмон, Бен Афлек, Стелан Скарсгард, Мини Драјвер, овој филм не се заборава лесно. Тривијалниот филм е заснован на вистинската приказна за човекот со коефициент на просечна интелигенција 225, Американецот Вилијам Сидис од Бостон, кој бил математичар и физичар.

Сидис бил чудо од дете кој станал математичар, застапник за астрофизика со исклучителна меморија, кој на возраст од осум години добил максимални поени на испитот на МИТ, дипломирал на Харвард на 16 години, а на возраст од 21 година бил осуден на 18 месеци затворска казна, бидејќи извршил напад врз полицаец. Бил ослободен со кауција, но под услов да види терапевт, кој излезе дека му е татко, психологот Борис Сидис.


Добриот Вил Хантинг


Ова се неколку од најпознатите цитати на овој неверојатен филм. Инспирирајте се, но и набавете го овој филм, во случај да не сте гледале.

“Ќе имаш лоши времиња, но секогаш тие ќе те разбудат за добрите нешта на кои не си им посветувал внимание“.

“Многу денови посакувам никогаш да не те запознаев,
бидејќи тогаш би можел да спијам навечер и
немаше да морам да одам наоколу
со знаењето дека имаше некој како тебе таму“.

“Ти не знаеш што значи вистинска загуба. Вистинска загуба е единствено возможно кога сакаш нешто, повеќе отколку што се сакаш себеси. Се сомневам дека си се осмелил некогаш да сакаш некого толку многу“.  

“Ние мора да избериме на кого му дозволуваме да влезе во нашиот чуден, мал свет“.

“Никој не е совршен. Секој има своја мала посебност. Некои луѓе тоа го нарекуваат мана, но не, тоа сѐ добрите нешта“.

“Некои луѓе не можат да веруваат во себеси, се додека некој друг прво не верува во нив“.

“Оваа девојка што ја сретна, ниту таа не е совршена. Но прашањето е дали сте или не совршени еден за друг. Во тоа е целата суштина. Токму во тоа сѐ состои интимната блискост“.
 
“Ти се плашиш од мене. Ти се плашиш дека нема да возвратам на твојата љубов. Но знаеш што? И јас се плашам исто така. Но по ѓаволите барем сакам да се обидам“.

“Кога можеме да зборуваме за нашите чувства, тие помалку ќе не совладуваат, помалку  ќе не вознемируваат и помалку  ќе не плашат“.

“Ако те прашам за љубовта,
ти веројатно ќе ми цитираш некоја сонета,
но никогаш не си погледнал жена
и не си бил целосно ранет,
да знаеш некој, што може да те сруши со очите“.

“Умот е ужасно нешто да се троши“.

“Би направил сѐ за да го имам тоа што ти го имаш. Секој од момците би го направил. Би било навреда за нас, ако си сѐ уште тука во наредните 20 години“.

“Зграпчете го денот, мои момчиња. Верувале или не, секој еден од нас во оваа просторија еден ден ќе престане да диши. Направете ги вашите животи исклучителни“.

“Вие мора да се борите да го откриете вашиот глас, бидејќи колку подоцна чекате на тоа, толку помали се шансите да го најдете.

“Дали имаш сродна душа?
Дефинирај го тоа.
Некој што те предизвикува,
некој што ти ја допира душата.
Да, имам многу.
Именувај некој од нив.
Шекспир, Ниче, Фрост, О Конор, Кант...
Тоа е одлично. Сите тие се мртви.

“Тажната работа кај момците како тебе е дека за 50 години ќе почнат да размислуваат и ќе сфатат дека постоеле две сигурности во животот. Првото не си го направил тоа. И второ си
пропуштил инвестиција од 150 илјади долари за твоето образование. Па, може да го добиеш образованието и за 1.50 долари во јавната библиотека“!

“Довербата е многу важна работа во една врска“.

“Јас не го барав ова.
Не, но ти се роди со тоа.
Па не го одбивај овој дар со тоа што ќе речеш: Јас не го барав ова“.

“Кога ќе те погледнам не гледам интелигентен и самоуверен маж. Гледам мало уплашено дете. Но, ти си генијалец Вил. Никој не го одрекува тоа. Никој не може да го разбере длабокото знаење во тебе. Но ти се осмелуваш да мислиш дека знаеш се за мене бидејќи виде моја слика и го разбранува цел мој живот. Ти си сирак така? Мислиш дека не знам колку е тоа тешко! Каков ти бил животот, како си се чувствувал, кој си? Можам ли да го знаам тоа ако ја прочитам книгата “Оливер Твист“? Дали те има тебе таму? Лично мене не ми е грижа за сето тоа, бидејќи знаеш што? Не можам да научам ништо за тебе, не можам да читам книга за твојот живот, освен ако не почнеш да разговараш со мене. Кажи ми кој си и јас сум тука за тебе. Но не сакаш да го направиш тоа? Ти си преплашен од тоа што може да го кажеш. Ти си на ред“.

“Ако те прашам за уметност ти ќе почнеш да ми набројуваш за секоја книга што си ја прочитал за уметноста... Микеланџело? Можам да се обложам дека знаеш се за неговиот живот, работа, критики, политички аспирации. Но не можеш да ми кажеш за мирисот на неговата слика “Sistine Chapel“. Никогаш не си застанал таму и не си погледнал кон прекрасниот таван“.

“Тие не наоѓаат учители кои веруваат во нив. Тие се убедени дека се глупави“.

“Возбудливо е кога ќе најдеш делови од себе во некој друг“

“Тој ги оддалечува луѓето од себе пред тие да имаат шанса да го напуштат него. Тоа е одбранбен механизам. И 20 години бил сам поради таа причина. И ако сега сѐ откажеш од него, ќе ги повторува истите работи во текот на целиот негов живот. Нема да дозволам тоа нешто да му се случи нему“.

“Јазикот бил измислен поради една причина момчиња мои: да им се додворуваме на жените“.

“Медицина, закони, бизнис, инженерство: овие се благородни нешта по кои тежнееме за да не одржат во живот. Но поезијата, убавината, романтиката, љубовта, тие се нештата поради кои ние остануваме полни со живот.

“Мислев дека идејата на образованието беше да ги научиме децата да размислуваат со своја глава“.

“Се качив на работната маса за да се потсетам себеси дека сите ние мора да гледаме на нештата од различни агли. А и светот изгледа поинаков од тука горе“.

 “Постои време за смелост и време за внимателност, а мудриот маж знае за што е повикан“.

“Види може јас не сакам да го потрошам остатокот од мојот живот, седејќи наоколу и објаснувајќи им на луѓето“.

“Никогаш нема да имаш таква врска во светот каде ќе се плашиш да го направиш првиот чекор, бидејќи се што гледаш е негативно дури 10 милји подалеку од патот. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура