X
 14.10.2016 Технологија

Ќе се ужасните кога ќе ја видите градационата скала на нуклеарните бомби



Типови атомски бомби


Нуклеарното оружје е доволно застрашувачко само по себе, но доколу истражите малку подлабоко и откриете колкава е всушност неговата моќ - станува ужасно страшно. Оружјето што се произведува после првата атомска бомба е толку моќно што во основа бомбата користена при нападот на Хирошима може да се користи како мерна единица. Најголемата нуклеарна експозија во историјата на човештвото, бомбата Цар, е детонирана со сила од 50 мегатони или јачина од 3.333 Хирошими.

Русите имаат во план изработка на друга бомба што ќе биде двојно посилна од бомбата Цар, со сила од 100 мегатони (или 6.666 пати посилна од бомбата во Хирошима), но за среќа, таа нема да биде тестирана. Во смисла, бомбата Цар веќе беше толку застрашувачки моќна, што скоро и го уништи авионот што ја исфрли, а прозорците во Норвешка и Финска се затресоа при нејзината експлозија (бомбата беше исфрлена/тестирана во Нова земја, северна Русија).

Дури и бомбата B83, која е најголема нуклеарка во арсеналот на САД, при експлозија има столб (на печурката) повисока од висината на комерцијалните авионски летови. Вистинската скала за нуклеарното оружје е навистина застрашувачка. Дознајте повеќе од следново видео на RealLifeLore, на кое е прикажано колкава штета би направиле овие нуклеарни бомби доколку се исфрлат, на пример, во Њујорк.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија