X
 14.10.2016 Култура

Марко Поло не е првиот Европеец кој бил во Кина

Новите откритија на археолозите даваат потпора на мислењето дека Кина и Европа биле во контакт повеќе од 1500 години дури пред Марко Поло да стапне во Кина.


Патувањето на познатиот жител на Корчула во 13-от век бил првиот документиран контакт со
Кина, но подоцна се покажало дека кинеските историчари имале записи за луѓе кои многу порано стапнале на ова место. Најверојатно тоа биле луѓе од римското царство од 2-ри и 3-ти век.

 

 

 


Како што пишува BBC, кинескиот археолог Ли Ксиузен, смета дека сега имаат докази, за воспоставениот контакт со Кина од времето на првиот кинески цар.


Ксин Ши Хуанг живеел помеѓу 259-та и 210-та година пред новата ера и бил прв цар на обединета Кина. Во близина на неговиот гроб пронајдени биле 8000 статуи на борци од глина. Денеска ова место се смета за едно од најпознатите места во кинеската култура.

Но, во Кина пред изградбата на гробницата на Цар Ксин Ши Хуанг немало традиција за изградба на фигури со реални човекови големини. Ксиузен смета дека армијата од теракота била инспирирана од уметноста на античките Грци, исто како и акробатите и другите бронзени статуи пронајдени во гробниците.

Друга студија покажала дека ДНК специфична за Европејците, имало на местото во западната кинеска провинција Ксин-јанг, од каде може да се заклучи дека западњаците дошле, живееле и умреле во овој град уште за време на првиот император, дури и малку порано.

BBC го наведува и мислењето на професорот Лукас Никела од Виенскиот универзитет, кој смета дека првиот кинески цар бил под влијание на појавата на скулпури во централна Азија кои се појавиле по Александар Велики кој умрел во 323 година.

Наодите на кинескиот археолог, вклучуваат нови докази дека гробницата на првиот цар е многу поголема од колку што порано се мислело дека е. Дури била 200 пати поголема од египетската Долина на кралевите.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура