X
 08.11.2016 Живот

Награда за пилотот што успеа да спаси 439 животи


Истрагата потврдила дека патниците и членовите на екипажот биле доведени во животозагрозувачка ситуација поради грешка на вработените во контролата на летање.

Во октомври избегната голема авионска несреќа во Кина

Хе Чао, кинескиот пилот кој пред еден месец во Шангај спаси 439 животи, доби награда од три милиони јуани (околу 400.000 евра). Паричната награда му ја врачија челниците на авиокомпанијата China Eastern Airlines каде што е вработен, а кои одлучиле остатокот од 600.000 јуани (околу 80.000 евра) да го поделат со екипажот на авионот.

На 11 октомври, Хе Чао управувајќи со Airbus A320, извонредно реагирал и додал гас точно навреме откако на пистата пред себе го здогледал својот колега кој штотуку го приземјил Airbus-от А330.

На тој начин успеал доволно да го забрза својот авион и да го подигне во вистински момент, а според симулацијата што отпосле ја направиле членовите на Кинеската агенција за цивилно воздухопловство, пилотот успеал за 19 метри да избегне фатален судар.

Истрагата потврди дека 413 патници и 26 членови на екипажот биле доведени во смртна опасност како последица на грешката на контролата на летање, поради што двајца службеници останале без дозвола за работа, а други тринаесет души биле казнети.       


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот