X
 19.11.2016 Живот

Што значи да не се откажеш од себе?

„Децата не сакаат да слушаат како ти било тешко и како си се борел во животот. Тие сакаат да слушнат како сте биле храбри. Дека не си се откажал, ни кога било тешко и кога си се плашел.

Тешкотиите и стравот се во ред, како и откажувањето. Само не се откажувај од самиот себе. За себе, а не поради децата. Тоа е храброст".

„Ова на Facebook го напиша мојата драга колешка Даниела Стојановиќ. И додаде: Што значи да не се откажеш од себе?“-пишува во својот блог Јелена Пантиќ.


не откажување од себе


На ова прашање е повикан секој да одговори.

Овие нејзини зборови ме допреа и заскокоткаа нешто во мене.

Кој е мојот одговор на прашањето: Што значи да не се откажеш од себе?

Што значи тоа за мене?

Да не се откажеш од себе за мене значи прво да се познаваш себе.

Да се разбериш себе.

Да го ​​слушаш тивокиот плач на душата и сериозно да го разбериш.

Да ги слушаш разиграните сонови на душата и нив сериозно да ги сфатиш.

Да издвојуваш време за себе, но, навистина.

Време е да се сретнам и слушнам себеси.

Време е да се почувствувам себеси.

Време е да се запрашам:

Како сум?

Што ми треба?

Дали нешто ме боли?

Дали сум уморна?

Што чувствувам?

Што бара мојата душа?

И сето тоа да го правам редовно.

Да не се откажеш од себе за мене значи да ја прифатиш и следиш својата вистина.

Ова е особено важно за да не се откажеш од себе.

Дури и кога не е лесно.

А во почетокот, навистина, навистина не е лесно.

Знам од искуство.
Потоа е сé полесно и полесно.
И тоа го знам од искуство.

Некои луѓе, од добри или не толку добри намери, се обидуваат да ми ги наметнат своите патишта и како тие гледаат на мојот живот.

Без оглед на нивните намери, мое е да не откажам и да истраам на својот пат.

Бидејќи кого ќе имам, ако се откажам од себе?

Да не се откажам од себе за мене значи да кажам ДА на сé што ја радува мојта душа. И подеднакво важно- да кажам НЕ на сé што ја повредува мојата душа.

Да не се откажеш од себе за мене исто значи да ги избирам луѓето во чие друштво е безбедно и пожелно јас да бидам.

Луѓе во чие друштво ми сјајат очите.

Јасно и гласно да кажам што сакам, а што не.

Што ми годи, а што ми смета.

И да не прифатам компромис кој ја нагризува мојата суштина, она што сум, моето битие.

Тоа е сé што имам, а ако јас не го чувам, кој ќе го чува?

Ете тоа за мене значи да не откажеш од себе.

Благодарна сум на Даниела што ме поттикна да го напишам ова, како потсетник на кој треба да се навраќам повремено и да проверам дали сум на вистинскиот пат, својот пат. 
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот