X
 30.11.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата

Денес е среда, 30 ноември 2016 година, 335-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:35, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 09 часа и 33 минути.

Ова утро во североисточните, северните поголем дел од западните предели имаме претежно ведро и студено време. Во останатите предели претежно облачно време со тенденција за намалување на облачноста.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во среда ледено утро и појава на утрински мраз а понекаде и услови за појава на голомразица, поради влажноста но и ниските утрински температури кои ќе се движат од -10 до 0 степени. Во утринските и претпладневните часови умерено облачно време ќе преовладува во јужната половина од Македонија, а во останатите предели ќе биде претежно сончево. Попладне разведрување па секаде се очекува претежно сончево време со појава на локална облачност, студено и ветровито време. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од -4 до 5 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска не очекува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северен ветер. Утринската температура од -2, а максималната дневна до 2 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој ќе условува стабилно но и многу студено време. Во четврток ледено утро со утрински температури од -12 до -3 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и студено време со максимални температури кои ќе се движат од -2 до 8 степени. Во петок и сабота ледено утро со минимални температури од -10 до -1 , односно од -8 до 1 степен, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и малку потопло време и дневни температури од 0 до 10 степени во петок, односно од 1 до 11 степени во сабота. Во недела умерено облачно време си повремени сончеви периоди и пораст на утринските температури кои ќе се движат од -6 до 3 степени, а максималните од -1 до 9 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот