X
 08.12.2016 Живот

Овие тинејџери заработуваат милиони од „YouTube“

Тинејџерот Феликс Кјелберг заработил неверојатни 15 милиони долари од својот „YouTube“ канал во периодот од јуни 2015 до јуни 2016 година. Според „Forrbes“, најдобро платените личности кои имаат канал на оваа платформа, вкупно заработиле 70.5 милиони долари.

 

заработка


Кои се овие луѓе?

1. „PewDiePie“



Најплатениот тинејџер на светот е шведскиот гејмер „PewDiePie“ чиј годишен приход изнесува 15 милиони долари. Неговото вистинско име е Феликс Кјелбер и тој стана милионер на само 26 години. Тој создава игри и е автор на бестселерот „This Book Loves You“, а се обидел и како дизајнер промовирајќи ја неговата линија на чорапи.

Првото видео Феликс го објавил на „YouTube“ пред пет години. Видеото било долго три минути. Феликс вели дека ќе го избрише каналот кога ќе достигне преку 50 милиони следбеници.

2. Роман Атвуд



Роман е познат по снимките на кои тој постојано прави бељи. Неговиот канал минатата година пораснал за 70% во однос на претходниот период. До средината на 2016 година, тој заработил 8 милиони долари.

3. Лили Синг



Комичарката Лили Синг заработила 7.5 милиони долари за година дена. Откако го лансирала нејзиниот канал „Superwoman“ во 2010 година, таа успеала да собере околу 9 милиони следбеници, додека нејзините содржини се гледани преку 1.3 милијарди пати.

4. „SMOSH“




Комичарското дуо од бендот „SMOSH“, Ентони Падила и Иан Хекокс, заработиле 7 милиони долари за една година. Минатата година глумеа и во својот филм, додека за крајот на годината ја подготвуваат премиерата за нивниот втор филм „Ghostmate“.

5. Оукли



Тајлер Оукли и Росана Пансино заработиле по 6 милиони долари. Оукли неодамна потпиша договор со Елен ДеЏенерес и најверојатно ќе го добие своето дигитално шоу. Во текот на својата кариера успеал да направи интервју со Мишел Обама, но и со членовите на бендот „One Direction“.

Пансино е најпозната како водителка на кулинарското шоу „Nerdy Nummies“.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот