X
 15.05.2017 Кариера

Почна пријавувањето за бесплатни обуки за претприемништво, огласот е наменет за млади до 29 години

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатни обуки за претприемништво, огласот го објави Агенцијата за вработување. Обуките наменети се за млади до 29 години, со цел да имаат конкретна едукација и поголем поттик за претприемништвото. Со тоа ќе знаат и можат да изготват бизнис план и со тоа да конкурираат за останатите мерки за вработување што ги нуди државава. Предвидено со проектот е да бидат опфатени 950 млади, а обуките ќе се реализираат до 1-ви Декември.



- Обуките ќе се спроведуваат од страна на консултантски компании на ниво на цела Македонија, а ќе траат по пет дена или вкупно 45 часа, но за да стартуваат неопходно е да се пријават најмалку 10 лица, рече директорот н Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Проектот за бесплатни обуки за претприемништво  поддржан е од Европска Унија со 300 000 евра. Инаку оваа мерката  претходно беше во рамки на самовработувањето со грант. Директорот на Агенцијата за вработување потсети дека за првиот оглас за грант објавен во март годинава од пријавените 1.250,  440 биле граѓани до 29 години. Досега, од 40 до 45проценти од грантовите се доделени на млади што покажуваат голема заинтересираност.


Подготвил: В.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Кариера