X
 12.12.2016 Забава

Дали знаете која е новата улога на Арнолд Шварценегер?


Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, му додели интересна функција на американскиот актер и поранешен гувернер.

Арнолд Шварценегер

„Главната улога“ во реалити шоуто што до 2015 година го водеше Доналд Трамп, ја презема Арнолд Шварценегер.

Вчера, на претставувањето на новата сезона на шоу-програмата Apprentice (Приправник) чие емитување ќе стартува на 2. јануари следната година, Шварценегер изјави дека не е загрижен што Трамп останува дел од овој проект и дека тоа е „само бизнис“. Тој потсети дека оваа ситуација наликува на онаа кога тој самиот беше избран за гувернер на Калифорнија, но истовремено ги задржа филмските права и средствата што ги добиваше од филмскиот серијал „Терминатор“.

Холивудскиот актер истакна дека се работи за многу сериозна задача да се замени Трамп во улогата на шеф во ова шоу.

Натпреварувачите, меѓу кои е и некогашната британска поп ѕвезда, Бој Џорџ, ќе се обидат да соберат средства за хуманитарни цели, при што ќе добиваат совети од финансиски могули како Ворен Бафет, Стив Балмер и други „тешкаши“.

Тајра Бенкс, една од советничките на серијалот, вели дека сè уште не е познато до која мера Трамп ќе биде вклучен во новата сезона, со оглед на функцијата за која е избран.

Портпаролката на Трамп, Келиен Конвеј, за CNN изјави дека неговиот интерес за индустријата за забава може да се спореди со  интересот на Обама за голф, кој го практикуваше во своето слободно време.
„Претседателот има право да работи што сака во своето слободно време и никој не се спротивставува на тоа“, додаде таа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава