X
 20.12.2016 Живот

Генетиката и децата: Постарите се родени за политичари, а помладите ќе се снајдат

Првото дете расте само со родителите и е во центарот на нивното внимание, другото дете расте со родителите и еден конкурент/сојузник, што значително ги менува условите на растењето.

 

braka


Не е лесно да се биде најстариот во семејството. Колку и да имате браќа и сестри, сепак сте првото дете и речиси секогаш ја имате задачата да ја менувате „мама“. Често сте бејбиситер, помошник, заменик наставник и слично, а ако се побуните веднаш ќе бидете прекорени дека сте постари и би требало позрело да се однесувате. Се разбира дека браќата и сестрите се сакаат најмногу, но ривалството може да биде најголемо, а односите кои тогаш ќе ги поставите, ќе ве обележат за наредните неколку децении.

Психијатарот Алфред Адлер, познат по теоријата дека основното човеково тежнеење е волјата за моќ, бил убеден дека вашето место во семејството и тоа кое дете сте по ред дефинитивно ја одредува вашата судбина. И тоа кои ќе бидете и какви ќе бидете. Невротични и по малку авторитетни, ако сте најстаро дете, како што вели Адлер, разгалени или со помалку емпатија за другите, ако сте помлади. Неговата теорија предизвикала контроверзија, а некои комплетно и ги дискредитирале неговите идеи. Сепак, во последниве години, ново истражување за животинскиот свет открило и нови сознание за луѓето. Според новите тврдења, кога за прв пат сте вдишале воздух и кога сте ги зеле гените на вашите родители, се моментите кога всушност се одредиле и вашиот облик на тело, интелигенцијата, наследни болести, колку сте отпорни, па и вашата сексуална ориентација.

Научниците тврдат дека поделбата помеѓу биолошките фактори и факторите од општеството се клучни за да разбереме зошто е местото кое го имаме во семејството може да ни го одреди животот. Студијата на Ханс Гравсет извршена на 600 илјади луѓе, покажала дека постарите деца се оние кои се постабилни, бидејќи по раѓањето на другите деца тие добиваат поинаква улога во семејството. Психологот пак, Кетрин Салмон од Универзитетот во Калифорнија открила дека првото и последното дете без разлика на ривалството меѓу нив, остваруваат најблизок однос со родителите, додека пак, она што е средно дете, создава цврсти врски надвор од семејството.

Може да се заклучи дека според истражувањата редоследот на раѓањето на децата дефинитивно влијае на нашето однесување. Ако сте први, склони сте на лидерство и остварување на потенцијалот, а помладите се револуционери, бунтовници, склони на промени. Постарите деца се исто така склони кон дебелеење и помалку отпорни на болести како што се висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочни удари и дијабетис. Но, интересно е и тоа што постарите деца обично имаат и поголема интелигенција, според истражувањата на Норвежаните.

Што се однесува до гените кои ќе ги наследите, тоа е чиста случајност, велат експертите, бидејќи бесконечна е комбинацијата на гени кои се создаваат и тука нема никакви правила.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот