X
 29.12.2016 Технологија

Основачот на LinkedIn со морбидно барање од кандидатите за работа

Рид Хофман е американски бизнисмен најпознат како ко-основач на LinkedIn, социјална мрежа што може да се смета за „деловен Фејсбук“.

Рид Хофман, ко-основачот на LinkedIN

На интервју за работа, Хофман знае од кандидатите да побара да го напишат својот некролог. Вели дека на тој начин најдобро може да види дали кандидатот има „поголема слика“ во умот.

Хофман е роден на 5 август 1967 година во Стенфорд, Калифорнија, а студирал на истоимениот унивезритет. По додипломските студии, продолжил на Оксфорд, каде се стекнал со магистерска диплома по филозофија.

Уште на 14-годишна возраст му здосадило локалното училиште, и се одлучил да продолжи во приватно средно училиште, да учи епистемологија. Не им кажувал на родителите, додека не го примиле.

Од мал сакал да направи нешто големо што на позитивен начин би се одразило во светот. Па така, во 1994 година им се придружил на Apple, каде што ги направил првите обиди за создавање социјална мрежа.

Пред да ја направи својата прва компанија, SocialNet.com, работел во e-World и во Fujitsu. Неговата прва компанија примарно служела како сајт за љубовни состаноци, но идејата била предвремена. Паралелно работел во PayPal, а во 2002 година станал заменик-претседател на компанијата.

Хофман и неговата сопруга одлучиле да немаат деца. Тој изјавил дека заради презафатеност со работата, не бил во состојба да се посвети на деца.

Во текот на 2002 година, заедно со двајца колеги од SocialNetwork.com го основале LinkedIn. Од ноември 2002, сајтот имал преку 187 милиони корисници во повеќе од 200 земји, а Форбс го оценил како „најкорисната интернет алатка достапна на сите деловни луѓе“.    
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија