X
 16.01.2024 Живот

Дали знаете што се „Гугл гробишта“ и кој „почива“ таму?

Откако се појави на светската сцена пред повеќе од 25 години, повеќето луѓе го поврзуваа „Гугл“ со интернет-пребарувањето. Во секојдневниот говор влезе во употреба и терминот „гуглање“.

Но, во текот на тие 25 години компанијата „Гугл“ почна да нуди цела низа услуги и производи со кои сакаше да привлече нови корисници и да му даде нешто ново на светот.

И додека некои производи како „Андроид“ или „Јутјуб“ преживеаја, еден куп друг исчезнаа. Всушност, „Гугл“ е познат по тоа што често лансира услуга, а потоа, по само неколку години (или месеци), едноставно ја откажува бидејќи корисниците не ја прифаќаат.

Дека „гробиштата“ на гугл-производите се со завидна големина најдобро покажува веб-страницата „Убиени од Гугл“, која на едно место ги собира сите производи на „Гугл“ што некогаш го виделе светлото на денот, но подоцна биле укинати.

Според сегашната листа, досега се укинати 293 услуги. Некои засекогаш заминале во историјата, додека други добиле ново име и биле поврзани со друга услуга.

До името на секој „покојник“ пишува колку време бил активен, за што служел и кога престанал да работи.

Она што не е наведено се „ожалостените“, односно колку корисници имала услугата во моментот на укинување.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/Killed by Google
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот