X
 17.02.2024 Живот

Познат економист вели дека повеќе нема поделба помеѓу работата и животот, бидејќи сѐ што прави генерацијата З може да се изгугла

Поранешен министер за финансии на Грција вели дека социјалните мрежи ја отстраниле секоја поделба помеѓу работата и животот за генерацијата З, бидејќи сè што објавуваат на интернет може да се користи против нив од страна на работодавците.

62-годишниот Јанис Варуфакис, кој е познат економист и академик, ја опишува мрачната реалност за генерацијата З на работа.

- Ако сте дете од високата средна класа и имате аспирации во животот, знаете дека секое видео што ќе го прикачите на „Тик-ток“, сето она што го пишувате на „Твитер“ и сето она што ќе го постирате на „Фејсбук“ ќе биде споменато на вашето интервју за работа - вели тој.

Тој објаснува дека генерацијата З не е водена од внатрешната слобода, туку од тоа како е перципирана на интернет.

- Не постои јасна, чиста поделба помеѓу работата и животот. И тоа не може да ја остави генерацијата недопрена. Тоа навистина го труе нивниот начин на меѓусебно поврзување затоа што дури и тоа ќе стане дел од нивното сиви - вели економистот и додава дека генерацијата З е отуѓена поради начинот на кој социјалните медиуми ги обликуваат нивните животи.

- Тие стареат многу побрзо како резултат на тоа што живеат во свет на социјалните медиуми во кој се принудени да се обидат да го најдат својот идентитет со кој на крајот не управуваат - додава тој.

Социјалните медиуми создадоа универзум без граници помеѓу професионалниот и личниот живот, вели и професорот Бен Војер.

Војер предлага да се избришат фазите на социјалните мрежи од младоста како што луѓето се приближуваат до дипломирањето, така што работодавците нема да можат да најдат ништо непријатно кога ќе ги гуглаат.

Исто така, тој ги советува вработените да размислат пред да објават нешто поврзано со политиката.

- Ако е навистина важно за вашата личност и вашиот идентитет, тогаш изразете се. Но, за други работи, претераното навлегување во политиката веројатно е нешто што би можело да има контраефект - вели тој.

Извор: Business Insider
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот