X
 16.02.2019 Технологија

Нова опција на „Твитер“ ќе ви го олесни препознавањето на ботовите

Ако сакате да се ослободите од досадните луѓе на „Твитер“, но и да добиете нови следбеници, од компанијата решиле да ви ја олеснат работата.

Во „Твитер“ почнаа да тестираат нова опција, засега само на уредите со оперативен систем iOS, која на корисникот му овозможува набрзина да ги прегледа корисничките профили без напуштање на почетната страница.

Кога ќе напишете некое корисничко име, ќе ви се појават основните информации за твитерџијата, како и две опции со чија помош можете да го заследите или да го „замолчите“.

Потоа можете да се вратите на почетната или да го погледнете профилот на тој твитерџија.

Извршниот директор на „Твитер“, Џек Дорси, неодамна призна дека компаниите од Силициумската долина, вклучувајќи ја и онаа на чие чело е тој, не направиле доволно за заштита на жртвите на злоупотреба на интернет.

Можно е новата опција да е обид за промена на подобро.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија