X
 16.02.2020 Спорт

Катар ќе гради хотели на вода за Светското првенство во фудбал

Катар е домаќин на Светското првенство во фудбал на ФИФА во 2022 година. Се очекува првенството да привлече над еден милион посетители. Катар беше домаќин на годишниот турнир изминатата година, а се чини дека ова претставувало само проба за она што следува во 2022 година.

На првенството во 2019 година беше забрането да се консумира алкохол на стадионот, но се вели дека ова може да се смени во иднина. Освен тоа, Катар има план да ги смести туристите во хотели што пловат на вода.

Малата држава има капацитет од помалку од 40.000 хотелски соби во моментов, па за да го реши проблемот, нацијата се одлучила да го искористи крајбрежјето и да изгради хотели на вода. Ќе бидат изградени 16 хотели на вода дизајнирани од финската архитектонска фирма „Сиге архитект“. Тие ќе бидат изградени од компанијата „Адмарес“.


Фото: Admares.com

Во секој од хотелите ќе има 101 соба, а тие ќе се наоѓаат во близина на стадионот во Лусаил, на кој ќе се играат првите и последните натпревари. Интересно е тоа што градот Лусаил не постоел пред 2014 година, кога било откриено дека Катар ќе биде домаќин на првенството во 2022 година. Катар издвоил неверојатни 45 милијарди долари за да го изгради градот.

- Хотелите на вода се на некој начин хибридни згради бидејќи дизајнот е комбинација од морски и копнени технологии за градење - вели Микаел Хедберг, извршен директор на „Адмарес“.


Фото: Аdmares.com

Структурите ќе бидат направени од челик и според морските регулативи, а ќе имаат четири ката, со ресторан и бар. Кога ќе заврши првенството, хотелите ќе може да бидат преместени. Иако ќе бидат изградени на вода, се претпоставува дека хотелите може да се користат 50 години.

- Она што е добро со хотелите на вода во споредба со копнените градби е фактот дека може да се изградат во околина во која може да се контролира изградбата и потоа да се однесат на нивната локација кога ќе бидат целосно изградени - вели Хедберг.

Извор: Fastcompany.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт